Хвар - островот со најмногу сончеви денови во годината - 2 дел

Од Милна на патот спрема Јелса се наоѓаат две плажи Зараче, па Дубовица. Зараче има две плажи со два залива.

Слика од вториот залив каде има кафанчиња и плажа.
До Дубавица се стигнува по една стрмна патека по која се оди пеш. Автомобилот се остава на главниот пат и имате околу 10 мин стрмнина до плажата. Дубовица се наоѓа пред тунелот низ кој се минува на патот спрема Јелса.
Од градот Хвар секој ден има превоз до Паклени острови.
Од местото каде што ве носи чамецот т.е пристаништето на островот Св. Климент се пешачи до плажата Палмижана на која има неколку ресторани. Плажата е со ситен песок и многу мала. Добро е да се посети но не бевме нешто воодушевени. Водата изгледаше матно, имаше многу луѓе и доколку нема некоја друга плажа за која не бевме информирани тоа што го видовме не не воодушеви доволно за да посакаме да се вратиме на ова место.

Поглед од еден од ексклузините ресторани на Палмижана према едрилиците кои доаѓаат тука.
Градот Хвар е монденско место каде старите градби се мешаат со новите луксузни јахти .
Тоа најодбро ја прикажува панорамската слика која се прави од тврдината, од каде се гледаат прекраните стари градби на овој град со мали и тесни улички и луксузните јахти, како и Паклени острови кои се издигаат пред самиот остров и градот Хвар.

Шеталиштето навечер е преполно со луѓе кои се шетаат покрај луксузните јахти.
Едно од многуте шармантни ресторанчиња сместени во тесните улички на стариот дел од градот.

Корисни информации

Од Дрвеник до Шучурај се стигнува со тракет за 25 мин и во текот на сезоната има 10-тина линии, а вон сезона 6 линии. Во текот на сезоната на реалиција Дрвеник-Шучурај кога и да стигнете брзо ќе најдете траект.

Од Сплит тракетот пристигнува во Стари Град за околу 2 часа. Во текот на сезоната има околу 4-5 линии. За повеќе информации за траектите и редот на поаѓање и пристигнување на http://www.jadrolinija.hr/.

Добро е да се знае дека бензински пумпи има во Јелса и Хвар.

Мапа од Хвар на http://www.mapsorama.com/map-of-hvar/

Пред Стари град,на самиот пат спрема градот Хвар, на местото каде пристигнува траектот постои голем маркет/трговски центар.

Цена на вечера за двајца која вклучува морска храна со домашно вино е околу 25-30 еур.
Цените на производите кои ние ги увезуваме од Хрватска (како Дукат млечни производи) се поскапи од цените во Македонија. Општо цените на производите се поскапи од цените кај нас и се слични на цените во Грција.

Место за препорака за храна во Милна е ресторанот 'Моли Онте' со свежа морска храна, храна која се произведува со домашни производи, љубезни и каде на крајот од вечерата ќе ве почестат од куќата со домашен Прошек (ликер). Од тука може да купите и домашно маслиново масло за кое имаат добиено и награда.

Нашата рута

Охрид-Ќафасан-Драч-Скадар-Облике-Улцињ-Лепетане (Бока Которска) траект-Каменари-Х.Нови-Дубровник-Дрвеник (траект)-Шучурај (Хвар)-Милна. Ја избравме јадранска магистрала бидејќи патувате покрај море и каде и да застанете да се одморите или преспиете секаде сте на море, а сите приморски места се прекрасни и каде и да застанете не може да погрешите.

2 Responses to "Хвар - островот со најмногу сончеви денови во годината - 2 дел"

Anonymous responded on July 11, 2014 at 3:46 AM #

Супер патепис, благодарност!

Anonymous responded on August 13, 2014 at 6:18 AM #

Zoki ovde,

Najubava repotaza sto sum ja nasol na internet, fala vi mnogu, super si pominavme, a znaevme se odnapred.